Македонија

Левица ќе предлага разрешување на Димитровска

22.07.2025 09:40

Пратеничката група на Левица соопшти дека ќе поднесе предлог за разрешување на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата...

Пратеничката група на Левица соопшти дека ќе поднесе предлог за разрешување на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска.

Според нив, недозволиво е Собранието да биде пасивно и да чека таа самата да поднесе оставка од морални причини, кога против неа се водат две кривични истраги, а повеќе од два месеци не доаѓала на работа.

Левица го повикува владејачкото мнозинство да иницира законски измени на законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси со цел конечно да се воспостават професионални критериуми и стандарди за работа на ова тело.