Бангладеш

Најмалку 27 лица загинаа по падот на тренинг авион врз училиште во Дака

22.07.2025 19:00

Најмалку 27 лица загинаа, а десетици се повредени. Според властите, кинески борбен авион удрил во петкатна училишна зграда пред да се сруши во зградата на кампусот, предизвикувајќи експлозија и пожар...

Национална жалост во Бангладеш по падот на тренинг авион врз училиште во Дака. Најмалку 27 лица загинаа, а десетици се повредени. Според властите, кинески борбен авион удрил во петкатна училишна зграда пред да се сруши во зградата на кампусот, предизвикувајќи експлозија и пожар.

Воздухопловните сили на Бангладеш соопштија дека авионот претрпел механички дефект. Формиран е истражен комитет.

Официјалните лица потврдија дека пилотот е меѓу загинатите.