Петар Штериов- пијанист кој допрва доаѓа

20.08.2014 13:29

Гран- при наградата на меѓународниот фестивал во Дојран му беше тест за големиот настап во Берлин за кој се надева дека ќе му ги отвори вратите на светсткиот концертен подиум. Велешанецот Петар Штериов се повеќе и се наметнува на публиката како пијанист кој допрва доаѓа...

Научил да свири на пијано од својата осма година, а денес како дипломиран музичар си поставува и остварува многу повисоки цели. Петар Штериов од Велес интензивно се подготвува за Берлин, на меѓународниот натпревар по пијано. Ова е негов прв настап надвор од татковината, кој многу го инспирира.

„Ќе излезам на интернационална сцена првенствено, ќе ме слушнат тамошни професори и уметници, ќе видам јас моето ниво до каде е музика, музицирање“, рече Штериов.

Секој аплауз, секоја диплома и награда, на музичарите им ги зголемуваат очекувањата. Токму таков потик за Петар била Гран при наградата од последниот Меѓународен фестивал Дојрана.

Делот од интернационалното жири на натпреварот имаше пијаниска од Русија -професори од Бугарија од Музичката академија во Софија, и тие биле првите иницијатори за да го земам тоа гран при, беа фасцинирани од моето свирење“, вели Штериов.

Петар дипломирал во Скопје, музичка теорија и педагогја со хорско диригирање, но тоа не го исполнува до крај. Продолжува да се образува на Факултетот за музичка уметност во Штип во класата на д-р Милица Шперовиќ. Вели дека музиката е неговиот живот, а негов сон- настапот со Македонската филхармонија .

„Да се настапи како солист со еден синфониски оркестар поготово кога тоа е првиот оркестар на татковината во која живеете е едно големо искуство самите проби самиот начин на вежбање е поинаков“, рече Штериов.

Овој млад уметник има долгорочни цели. По освојувањето на светските музички подиуми, себеси се гледа како музички педагог кој несебично ќе им го пренесува своето знаење на младите генерации и тоа токму онаму каде што започнај, во основното музичко училиште во родниот Велес.

 

Дијана Иванова