Образование
Предметот историја се враќа како посебен предмет во училиштата
22.07.2025 16:47
Од септември повторно се враќа посебниот предмет историја, што со тогашната концепција на претходната влада, со други предмети беше интегриран во општествените науки.

Сменета е програмата за историја за седмо одделение. Од септември повторно се враќа посебниот предмет историја, што со тогашната концепција на претходната влада, со други предмети беше интегриран во општествените науки.
Учебникот по историја е веќе во печатење, рече министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Таа повтори и дека по шест години пауза, учениците ќе имаат учебници по странските јазици – англиски, германски, француски и италијански јазик.
