Турски холдинг сака да вложи милијарда евра во енергетиката
Tурски „Казанџи Груп“ и Владата преку Меморандум за разбирање го отворија патот за изградба на когенеративни централи, секундарна гасоводна и топловодна мрежа...

1 милијарда евра инвестиции во енергетиката. Tурски „Казанџи Груп“ и Владата преку Меморандум за разбирање го отворија патот за изградба на когенеративни централи, секундарна гасоводна и топловодна мрежа. За премиерот Мицкоски, проектот е стратешки и јасен сигнал оти државата има волја и план да го обезбеди енергетскиот суверенитет.
Со инвестицијата, вели Мицкоски ќе се отворат нови работни места, ќе се намали увозната зависност и ќе има повеќе можности за индустријата.
Ова е голем чекор за нас и за Македонија која ќе биде наш стратешки центар. Менаџментот на „Казанџи“ задоволен што после години разговори, се официјализира нивната инвестиција за која велат дека ќе значи развој и енергетска стабилност на државата.
„Казанџи груп“ е светски гигант во енергетиката со над 25 години искуство, оперира со инсталиран капацитет од на 3.500 мегавати во осум држави и е активна во 22 земји на 4 континенти.
Викторија Милевска
