Калкулации за локалните избори
Владините партнери за еден месец ќе објават како ќе настапат на локалните избори. Како наближува гласањето, така се откриваат фаворитите. ДУИ во екс-министерот Османи, кој им беше и претседателски кандидат ќе се обиде да го освои Чаир...

Забревтува партиската изборна машинерија и пред официјалното распишување на локалните избори. Партиите веќе објавија дел од своите фаворити за градоначалници, но калкулациите сè уште се во игра особено во делот на коалициите. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ смета дека логично е владините партнери да се поддржат во делот на градоначалниците иако сами ќе настапуваат со советничките листи. Анализите сè уште траат.
Од министер за надворешни преку претседателски кандидат Бујар Османи ќе ги трча локалните избори за градоначалник на Чаир. Не се работи за функција. Они кои ме знаат, добро знаат дека сè што правам, во секој предизвик, влегувам искрено, влегувам целосно без никакви задршки – рече Османи. Во „Вреди“ веќе ја искоментираа кандидатурата на Османи дека тој живее во дивоградба и нема кредибилитет за градоначалник.
Повеќе или помалку партиите ги објавија кандидатите за градоначалници. Двете најголеми ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ битката за Скопје ќе ја водат со Орце Ѓорѓиевски и Каја Шукова.
Миле А. Ристески
