Македонија под вршник, температури до 42 степена
Македонија се пече на екстремно високи температури. Живата во термометарот се искачи до 42-от степен. Во сила препораки, жители на Скопје и на пеколните горештини оставени без вода...

Вклучен е црвениот метеоаларм, температурите надминаа 40 степени. Во сила се препораките за заштита на населението. Особено внимателни треба да бидат луѓето со кревко здравје и хронични болести.
Екипите на Црвен крст на терен им даваат помош на оние на кои им е потребна. Нивните четири мобилни екипи веќе имале над 10 интервенции.
Но, скопјани имаат дополнителен проблем. На овие пеколни горештини, дел од граѓаните кои се во високите зони се без вода за пиење.
Прекинот во водоснабдувањето е резултат на енормната потрошувачка, а не на дефекти во мрежата, велат од Водовод. Оттаму апелираат на рационално користење, иако 40 до 60 насто питка вода поради лошата инфраструктура се губи уште пред да стигне до корисниците.
Топлотниот бран се очекува да трае до сабота.
Александра Велинова
