Собрание

Иницијатива за разрешување на Татјана Димитровска

22.07.2025 17:32

Случајот со првата антикорупционерка, против која е покренато обвинение сè уште ја бранува јавноста. Неделава во собранието, Левица ќе ја поднесе иницијативата за разрешување на Димитровска. Оттаму не се согласуваат со спикерот Гаши дека е потребен судски епилог за поведување на постапката...

„Левица“ бара Комисијата за избори и именувања да поднесе заклучок до Собранието за разрешување на Димитровска откако таа стана обвинета за оддавање службена тајна, но и за тоа што му дозволила на друг во нејзино име да полага за безбедносен сертификат.

„Левица“ во Собранието ја поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска откако таа доби обвинение за оддавање службена тајна, но и за тоа што му дозволила на друг во нејзино име да полага за безбедносен сертификат.

Партијата смета дека со постапката треба да се утврди способноста за извршување на функцијата, поради тоа што како што тврдат од „Левица“, на Димитровска и е изречена привремена мерка за работа со што е спречена да ги врши законските обврски.

СДСМ сè уште нема став.

Премиерот Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ во Собранието нема да иницира разрешување на Димитровска, бидејќи од политиката не треба да се прави естрада и порача дека постои морална одговорност.

 

Игор Панов