Здравство
Се вработуваат 124 лица медицински персонал во прилепската болница
22.07.2025 15:17
Прилепската болница го решава проблемот со хонорарниот медицински персонал. Ќе се вработат 124 лица од кои 21 општ лекар. Недостигот од специјалисти ќе се решава постепено...

Прилепската болница вработува 124 лица медицински персонал. Нивните договори на одредено ќе се трансформираат на неодредено време. Според болницата во голем дел се надминува проблемот со персоналот.
Во втората фаза ќе се вработат уште 10-тина специјализанти.
Проблемот е како и во другите здравствени установи, објаснуваат од болницата.
Онаму каде недостигаат специјалисти, се позајмуваат од другите градови.
Елизабета Митреска
