Азески: Се колнеме во транспарентност, но транспарентноста ја нема
Од гувернерот добија уверување дека девизните резерви се во сигурни раце, а на гувернерот му се пожалија на недоволна транспарентност и на практиката на властите, лесно да брцнуваат во џебот на приватниот сектор – вака помина средба меѓу Славески и бизнисмените од Стопанската комора...

Девизните резерви се во сигурни раце, рече гувернерот на Народна банка, Трајко Славески кој се сретна со бизнисмените од Стопанската комора. Резервите достигнале околу 4,7 милијарди евра, што според гувернерот, со стабилноста на банкарскиот сектор и дава комотна позиција на земјава.
Се колнеме во транспарентност, но транспарентноста ја нема – забележа првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески. Според него за инвеститорите треба да се води грижа, а централната власт да не удира лесно по приватниот сектор.
За бизнисот сè уште клучни проблеми се сложените банкарски процедури и нелојалната конкуренција.
Сериозен проблем за бизнисите е и борбата против корупцијата.
Според Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари-април 2025 година, изнесува 2,6 милијарди евра.
Борис Грујоски
