„Кутлеш“ проблем за кипарска европратеничка
Кипарската европратеничка Антигони Пападопулос во пратеничко прашање до Европската Комисија, ја обвинува Македонија за кршење на Времената спогодба, користејќи ги исклучиво изјавите на Ивон Величковски од Либерална Партија, неодамна изнесени од собраниската говорница.

Пападопулос во пратеничкото прашање наведува дека партијата на Величковски неодамна излегла со предлог да се забрани и казнува користењето на симболот. Потоа го цитира Величковски во делот во кој што тој тврдеше дека забраната за употреба на симболот што била утврдена со Времената спогодба досега не била имплементирана правилно и на крајот заклучува:
“ ЕУ постојано и едногласно одлучува дека заемно прифатливо решение за спорот за името и користењето на симболите е суштински предуслов за отворање на пристапни преговори со “ФИРОМ”. Според горенаведеното, што ќе одговори Комисијата за тоа како континуираната употреба и злоупотреба на симболот од “Вергина” ( Кутлеш ) од страна на “ФИРОМ”, спротивно на Времената спогодба од 95 та, влијае на релациите меѓу ЕУ и “ФИРОМ” ”, прашува кипарската евро-пратеничка.
Марија Котовска –постојан дописник на МРТ од Атина