ватерполо

Унгарија против Шпанија во големото финале на Светското првенство во ватерполо

22.07.2025 18:38

Унгарија и Шпанија се пласираа во големото финале откако денеска беа подобри од Србија односно Грција во полуфиналните натпревари на Светско првенство во водени спортови.

Репрезентациите на Унгарија и Шпанија се пласираа во големото финале откако денеска беа подобри од Србија односно Грција во полуфиналните натпревари на Светско првенство во водени спортови. Шпанците на пенали беа подобри од Грција откако прокоцкаа водство од 6:3 по првите два периода. Во третиот и четвртиот Грците успеаја да израмнат на 7:7, но загубија со 4:2 на пенали.

Неизвесно беше и на дуелот меѓу Унгарија и Србија, кој заврши со победеа на Унгарците од 19:18. По 6:3 за Унгарија во воведниот период, Србите го добија вториот сои 5:2 и израмнија на 8:8. Клучен беше третиот период кој Унгарците го добија со 8:4, а во последниот Србите дојдоа на чекор до пресврт, но не успеаја.

Финалето ќе се игра в четврток (24 јули) од 15:35 часот по македонско време со директен пренос на МРТ3.