Ин мемориам

Почина Ози Озборн

22.07.2025 21:13

Почина Ози Озборн на 76-годишна возраст неколку недели откако имаше проштална свирка со бендот Black Sabbath.

Почина Ози Озборн на 76-годишна возраст неколку недели откако имаше проштална свирка со бендот Black Sabbath. Семејството ја соопшти тажната вест.

Музичката икона, кој беше основач и фронтмен на групата Black Sabbath, неодамна, на почетокот на јули имаше проштален концерт со бендот во Бирмингем.

Ози Озборн е нарекуван „кум на хеви метал музиката“ бидејќи го поплочи патот до успехот за останатите изведувачи од овој жанр. Всушност, за многумина, тој е личноста која ја измислила хеви метал музиката.

Нема информации за причината за смртта, но познато е дека во 2019-та му беше дијагностицирана Паркинсонова болест.

 

 

 

 

 

 

Фото:/ ФБ Ozzy Osbourne