ЦУК

ЦУК: Изгаснати се вкупно 29 пожари на отворено, пет се активни

23.07.2025 08:46

На територија на државата се регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив пет се активни, три под контрола, а изгаснати се вкупно 29 пожари...

До 7:30 часот утринава на територија на државата се регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив пет се активни, три под контрола, а изгаснати се вкупно 29 пожари.

Активни пожари има кај селото Нивичино во Општина Василево, во селото Бешиште кај Прилеп, помеѓу селата Церово и Групчин во Општина Желино и два пожари на територија на Македонски Брод – кај селото Грешница и помеѓу селата Локвица и Крапа. Во петте активни пожари главно се зафатени мешана, нискостеблеста и деградирана шума, како и грмушки и ниска вегетација.

Три пожари се ставени под контрола и тоа – меѓу селата Царевиќ и Смолани во Општина Прилеп, кај селото Латово во Македонски Брод и во близина на тунелите на автопатот Е-75 кај Демир Капија.