Блиски Исток

СЗО со детали за нападот во Газа

23.07.2025 11:03

Специјалниот пратеник на претседателот Трамп, Виткоф во посета на Блискиот Исток. САД се обидуваат да постигнат договор за 60-дневен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас....

Специјалниот пратеник на претседателот Трамп, Виткоф во посета на Блискиот Исток. САД се обидуваат да постигнат договор за 60-дневен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

Нападите во енклавата се засилени, Светската здравствена организација соопшти дека израелските сили извршиле рација во нејзината главна резиденција на персоналот во Деир ал-Балах.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Гутереш предупреди дека гладот тропа на секоја врата во Газа, опишувајќи ја ситуацијата како ужасна.