Министерството за здравство остнаува на ставот- Екстра Меин е единствениот извор на листерија
Според документите од анализите, деведесет пати над дозволеното имало листерија во сечканиот свински врат на Екстра Меин- примерок кој за испитување до ветеринарниот факултет го доставила жена од Прилеп...

Екстра Mеин е единствениот извор на листеријата. Министерот за здравство останува на старото тврдење откако вчера кумановската фабрика го критикуваше Центарот за јавно здравје Велес, со сомнение дека директорката фалсификувала документи.
Според документите од анализите, деведесет пати над дозволеното имало листерија во сечканиот свински врат на Екстра Меин- примерок кој за испитување до ветеринарниот факултет го доставила жена од Прилеп.
Листерија имало и во суровините во погоните на Екстра Меин, увезени од Канада и Бразил, вели министерот за здравство. Надлежните тврдат дека и генотипизацијата покажала дека сите заболени и починати јаделе производ од оваа месна компанија.
Од Екстра Меин тврдат дека во нивните производи нема листерија и дека методот за утврдување на генотипизацијата не бил акредитиран од соодветниот институт.
Во писменото соопштение информираа дека извршениот надзор во фабриката бил без присуство на санитарен здравствен инспектор.
