Македонија
Претседателот на Собранието синоќа примен во болница
23.07.2025 11:30
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Според болнички извори, Гаши бил примен со болки, но без крвавење и други посериозни симптоми.
Кабинетот на собранискиот спикер засега се нема огласено и нема информација дали претседателот Гаши е на клиника или по интервенцијата е пуштен на домашно лекување.
