Министерот Муртезани на работилницата за скрининг на странски инвестиции
Муртезани, се обрати на отворањето на дводневната работилница на тема „Клучни аспекти во развојот на нов механизам за скрининг на странски директни инвестиции во Северна Македонија“...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, се обрати на отворањето на дводневната работилница на тема „Клучни аспекти во развојот на нов механизам за скрининг на странски директни инвестиции во Северна Македонија“, што се одржува во Скопје на 23 и 24 јули.
Настанот е организиран со поддршка на Министерството за трговија на САД – преку Програмата за развој на трговското право (CLDP), во координација со Стејт департментот, Министерството за финансии на САД и Амбасадата на САД во Скопје, а учествуваат и експерти од Чешка и Романија.
Министерот истакна дека оваа иницијатива не е само правна, туку и стратешка реформа со која ќе се воспостави ефикасен систем што ги заштитува националните интереси и истовремено го зацврстува инвестицискиот потенцијал на земјата.
Работата на механизмот е директно поврзана со процесот на пристапување кон ЕУ, особено во рамките на обврските од Кластерот 6 – Надворешни односи.
