Одложено рочиштето за криминалните групи
Почна судењето против двете организирани криминални групи кои извршиле девет убиства. Како што рече водечката судијка во постапката судскиот процес се одлага за 15 август во посебната судница во затворот во Идризово, заради отсуство на дел од адвокатите...

Во Кривичниот суд во Скопје почна судењето против двете организирани криминални групи кои извршиле девет убиства. Како што рече водечката судијка во постапката судскиот процес се одлага за 15 август во посебната судница во затворот во Идризово, заради отсуство на дел од адвокатите, како и поради тоа што дел од одбраната не доставила листа на докази до судот.
Според обвинителниот акт на Обвинителство за организиран криминал и корупција се опфатени две групи. Првата е „Беланоца барон“ на која на товар и се ставаат четири убиства од кои две двојни. Втората група, која нема препознатливо име во подземјето, а такво не произлезе ниту од се гони за три убиства од кои едно двојно.
Кривичните дела кои им се ставаат на товар на овие две групи се убиства, изнуда и тешки дела против општата сигурност.
Во текот на истрагата против двете групи, како што информираа од ОЈО ГОКК, биле користени посебни истражни мерки, меѓу кои и следење на нивната комуникација, што во голема мера помогнало да се открие поврзаноста на инволвираните лица и делата за кои се товарат.
