До 15-ти ноември домаќинствата да одлучат од која компанија ќе набавуваат струја

20.08.2014 13:44

Најдоцна до 15-ти ноември домаќинствата треба да изберат од која компанија ќе набавуваат струја. Во игра се 9 компании кои ќе се обидат да ги привлечат граѓаните со пакети и поволности.

Еднаш годишно ќе биде дозволено префрлање од еден кај друг оператор. Оние што нема да изберат снабдувач, ќе останат во мрежата на ЕВН, но ќе мора да склучат нови договори.

Од први јануари идната година цената на струјата нема да ја контролира регулатор, односно ќе се формира слободно на пазарот. 