Филмски фестивал „Браќа Манаки“
На 20-ти септември во Битола се отвора 46 издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“. Најавени повеќе од 150 интернационални и домашни гости, врвни уметници и филмски автори. Во официјалната програма ќе се прикажат над 40 филмови.

Со филмот на Теона Митевска „Мајка“ на 20-ти септември во Битола се отвора 46. Издание на најстариот и најпрестижен филмски фестивал „Браќа Манаки“. Најавени се повеќе од 150 интернационални и домашни гости, врвни уметници и филмски автори. И над 40 филма во официјалната програма.
Уникатното славење на филмската камера и уметност, но и оној препознатлив сјај што го носи фестивалот ќе трае шест дена. Познат е и добитникот на „Златна камера 300“ за специјален придонес во филмската уметност.
На фестивалот ќе има и кратка програма, документарна, студентска, а се враќа и програмата каде ќе се прикажуваат и филмови од македонската продукција.
Фестивалот „браќа Манаки“ се затвора на 26-ти септември.
Александра Спировска
