ЕЛЕМ се приклучи кон акцијата за отпис на долгови
Управниот одбор на компанијата донесе одлука за отпишување на долговите на граѓаните за искористената топлинска енергија испорачана од подружницата на АД ЕЛЕМ, „Енергетика“, соопштуваат од ЕЛЕМ...

АД „Електрани на Македонија“ се приклучи кон акцијата на Министерството за финансии за еднократно отпишување на долговите на граѓаните.
Управниот одбор на компанијата донесе одлука за отпишување на долговите на граѓаните за искористената топлинска енергија испорачана од подружницата на АД ЕЛЕМ, „Енергетика“, соопштуваат од ЕЛЕМ.
Еднократното отпишување ќе се однесува на долговите за искористена топлинска енергија заклучно со 31-ви декември минатата година кои не се наплатени подолго од 12 месеци, а за кои е почната постапка за наплата.
Правото на еднократно отпишување на долговите може да го остварат само граѓаните кои како должници ги исполнуваат условите од постојниот Закон.
Со грижата за најранливата категорија граѓани АД ЕЛЕМ ја потврдува определбата на компанијата за општествено одговорното работење и помагање на заедницата, велат од компанијата.
