МВР
Лишен од слобода возач од Куманово, возел со брзина од 92 км на час на место каде што е дозволено 40
23.07.2025 14:08
На 22.07.2025 во 04.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(31) од Куманово..

На 22.07.2025 во 04.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(31) од Куманово, информираат од МВР.
При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека А.С. управувал патничко возило „мазда“ со брзина од 92 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
