Топлотен бран

Апели за заштита од топлотниот бран, Вадата со препораки

23.07.2025 16:41

Изминативе денови земјава е под вршник. Температурите се над 40 степени. Вжештена и телефонската линија на Итната медицинска помош. Лекарите апелираат да се внесуваат повеќе течности, да се носи светла облека и да се консумира лесна храна и избегнување физичка активност во најтоплите часови. Владата со препораки до работодавачите, кои важат до сабота...

Земјава под вршник, температурите над 40 степени. Владата со препораки до работодавачите, кои важат до сабота, лицата над 60 години и бремените жени да се ослободат од работа.

И покрај апелите да се престојува во разладени простории од 11 до 17 часот, сепак граѓаните велат дека излегуваат кога е неопходно.

Зголемен број повици и на телефонската линија на Итната медицинска помош. Колапси и во автобуси и на јавни места.

Од УХМР велат дека вакви температури не се карактеристични за овој период од годината.

Високите температури во земјава ќе се задржат во текот на целата недела и ќе достигнуваат до над 40 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи разладување очекуваат дури во недела.

Изминативе денови највисоки температури се измерени во вардарскиот регион.

Од Министерството за здравство со препорака, каде што е возможно да се одреди работа на далечина, флексибилно или двократно работно време. Апелираат да се внесуваат повеќе течности, да се носи светла облека, да се консумира лесна храна и да се избегнува физичка активност во најтоплите часови. Особено да внимаваат хронично болните и редовно да ја земаат својата терапија.

Ана Јосифоска