Застрелан уште еден афроамериканец во Фергусон, протестите продолжуваат!

20.08.2014 13:52

Ведаш по инцидентот се насобрала револтирана толпа обвинувајќи дека бели полицајци се решени да убиваат црни момчиња...

Во американската сојузна држава Мисури каде што по убиството на црномуниот тинејџер Мајкл Браун избувнаа масовни протести, денеска полицајци застрелаа уште еден афроамериканец.

Двајца полицајци рагирале по сигнал за грабеж во продавница, по што го застрелале 23-годишното момче. Ведаш по инцидентот се насобрала револтирана толпа обвинувајќи дека бели полицајци се решени да убиваат црни момчиња.

А во Фергусон и натаму продолжуваат протестите. Главниот државен обвинител Ерик Холдер на средба со претставници кои ја водат истрагата за убиството на Мајкал Браун.

Обвинителите пред денеска поротата треба ги презентираат доказите против полицаецот, по што ќе се утврди дали ќе биде покренато обвинение против него.