Скромен интерес во Велес за времен ангажман како пожарникар
На огласот во Велес, за времен ангажман за извршување јавни работи се пријавиле 14 лица. Граѓаните велат не знаеле за огласот или мала била висината на месечниот надоместок. Пожарот кај село Џидимирци кој е локализиран, за две седмици опфати површина од 1.300 хектари, од нив 300 се со шума даб и габер. Наспроти намалениот број шумски пожари, зголемени се интервенциите на велешките пожарникари, дневно на 10 до 15...

Неинформираност за огласот, низок паричен надомест, се причините кои анкетираните ги кажаа за скромниот интерес кај младите невработени велешани за времен ангажман за пожарникар во периодот од пет месеци, до крајот на годинава. Месечниот надомест е 24 илјади денари огласот завршува денес.
Пожарот кој во велешко беше регистриран две седмици кај селото Џидимирци денес е локализиран. Годинава, споредено со лани нема многу шумски пожари, иако првиот беше на 19 февруари на планината Јакупица.
Огнот уништи повеќе напуштени селски куќи во селата Крушје, Ветерско, изгоре десетици бандери за струја. Пожарот зафати површина од 1.300 хектари, од нив 300 шума со даб и габер. Велешката противпожарна единица иако има недостиг од 15 пожарникари, успева да одговори на предизвикот. Покрива втора по големина територија во Македонија. Имаат зголемен број на интервенции ова лето.
Најчеста причина за пожарот, според пожарникарите е човечкиот фактор, невнимание, намера или неуредени, обраснати дворни места.
Петар Печков
