ЦУК: Пет активни пожари, четири се под контрола
Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 27 пожари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив пет се активни, четири се под контрола, а 18 пожари се изгаснати...

Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 27 пожари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив пет се активни, четири се под контрола, а 18 пожари се изгаснати.
Активни пожари има кај селото Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини во Општина Василево, во прилепското село Бешиште, помеѓу селата Церово и Групчин во Општина Желино, кај штипските села Драгоево и Селце и помеѓу селата Локвица и Крапа во Македонски Брод. Во пожарите главно зафатени се нискостеблести и деградирани шуми, грмушки, ниска вегетација и сува трева.
