Фудбал

Вардар во второто квалификациско коло игра против Лозана

24.07.2025 09:21

Вардарци во второто квалификациско коло за Конференциската лига за противник го имаат швајцарскиот тим на Лозана...

Екипата на Вардар вечерва ќе го игра својот трет натпревар на европската фудбалска сцена. Вардарци во второто квалификациско коло за Конференциската лига за противник го имаат швајцарскиот тим на Лозана.

За разлика од првата рунда во која се соочија со екипата на Ла Фиорита од Сан Марино, вардарци сега ги очекува потешка задача.

Сепак во таборот на црвено-црните владее оптимизам, дека со поддршка од своите навивачи, вардарци може да обезбедат поволен резултат за реваншот во Швајцарија следната недела.

Дуелот ќе може да го проследите на МРТ3.