Блиски Исток

СБ на ООН: Состојбата во Газа е кошмар

24.07.2025 20:16

Организацијата нотираше дека хуманитарните операции во Газа се под сериозен притисок. Побарано од Израел да овозможи безбедна и непречена испорака на помош и да го обнови движењето по клучните правци за снабдување...

Хамас вели дека доставил одговор на предлогот за примирје во Газа и ослободување на заложниците, откако медијаторите жестоко го отфрлија претходниот предлог презентиран од милитантната група. Во енклавата и натаму состојбата непроменета.

Близу 2.000 Палестинци се убиени од израелските сили за речиси еден месец, ова е кошмар од историски размери, став на помошникот генерален секретар на Обединетите Нации за Блискиот Исток. Побарано од советот да се заложи за крај на војната.

Претходно организацијата нотираше дека хуманитарните операции во Газа се под сериозен притисок. Побарано од Израел да овозможи безбедна и непречена испорака на помош и да го обнови движењето по клучните правци за снабдување.