Европа

Беснее пожар на Кипар, најмалку две лица загинаа

24.07.2025 11:34

Пожарникарите, поддржани од 13 авиони се борат со пламените јазици. Се очекува засилување од странство...

Голем пожар беснее на Кипар од средата. Уништени се цели населби, а најмалку две лица загинаа. Пожарникарите, поддржани од 13 авиони се борат со пламените јазици. Се очекува засилување од странство.

Шпанија испраќа два авиона и Јордан најави поддршка. Грција објави дека не може да обезбеди помош поради сопствените потреби.

Шумските пожари во западно-централна Турција пак, зедоа 10 жртви, вклучувајќи пожарникари од прва помош и персонал за пребарување и спасување.