Во Пекинг самит ЕУ-Кина, во фокусот глобалните предизвици и трговските односи
Агресивната кампања на Трамп со царините ги размрда суперсилите. Довчерашните замрзнати билатерални односи преку ноќ се раздвижија. Во Пекинг, челниците на Европската унија Кошта и Фон дер Лејен се сретнаа со кинескиот претседател Си Џинпинг. Глобалните конфликти, економската размена и климатските промени беа едни од темите на разговорите. Унијата има огромен трговски дефицит со кина, дури 300 милијарди евра...

„Американските тарифи се меѓу 15 и 50 насто. Земјите треба да се отворат за американските производи, без тоа нема договор со европската унија со која сме во сериозни преговори. И со кина исто така“, порача американскиот претседател, Доналд Трамп.
Резултат: царинската психоза на Трамп кон кина и европската унија го освежија пријателството меѓу Пекинг и Брисел. На самитот меѓу кинескиот претседател и првите луѓе на Унијата, си им порачал дека европските челници мора да направат вистински стратешки избор, зашто предизвиците за Брисел не доаѓаат од кина.
„Колку посурова и посложена станува меѓународната ситуација, толку кина и европската унија мора да ја засилуваат комуникацијата, да ја зацврстуваат меѓусебната доверба, продлабочуваат соработката и да придонесуваат кон поголема стабилност во светот преку кинеско-европските односи“, изјави кинескиот претседател, Си Џинпинг.
Самитот сепак не минал без одредени тешкотии. Особено поради европското плафонирање на царините на кинеските електрични возила и поради ретките минерали. Кина е меѓу трите најголеми извозници на литиум во светот.
„Светот минува низ период на глобална несигурност, пазарна нестабилност, геополитички тензии и предизвици со кои се соочува човештвото. Европската унија, како што рековте господине претседателе, се економија со огромна улога во светот. Ние сме одговорни за справување со глобалните предизвици и за го зачуваме светот заснован на меѓународното право“, изјави Антонио Кошта, претседател на Европскиот совет.
„Мораме повторно да ги урамнотежиме нашите односи, затоа што таквите релации се заемно корисни. Затоа кина и европската унија мора заедно да ги препознаат овие ризици и да дојдат до решенија“, истакна претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.
И војната во Украина била неизбежна тема на средбата. Брисел веќе побара Пекинг да блокира две банки кои финансиски ја поддржуваат Москва во војната во Украина. Сепак, на средбата глобалните предизвици останале во сенка поради трговската војна на Трамп и преговорите со европската и со кинеската економија.
Зоран Богатинов
