Министерот Минчев најави јавна расправа за нов пакет закони
Реформите што ги водиме не се козметички туку суштински. Нашата мисија е јасна да создадеме квалитетна, професионална јавна администрација која постојано се унапредува – порача ресорниот министер Горан Минчев, на отворањето на Реконструираниот центар за обука. Најави наскоро јавна расправа за нов пакет закони...

Наместо еднаш годишно, административците за својата работа ќе добиваат оценки на секои шест месеци. Отсега обуките кои за нив се задолжителни ќе треба да ги следат со физичко присуство наместо онлајн. Во скопски аеродром отворен новиот едукативен центар, а согласно со најавите наскоро комплетно ќе се санира и битолскиот.
Ова се дел од новините од пакетот реформски закони во администрацијата. Министерот Минчев убеден оти со доедукација на работниците земјава ќе добие ефикасна администрација.
Од први јануари 2027 треба да профункционира и академијата за обука, која според надлежните ќе биде моторот за департизација, но и за развој на административните службеници.
При крај е подготовката на уште три нови закони, меѓу нив и тој за воспоставување на систем за плати во јавниот сектор. Во текот на летото треба да почне јавната дебата во која ќе учествуваат невладините организации, синдикатите и засегнатите институции.
Викторија Милевска
