Либерија со дополнителни мерки против ширење на еболата
20.08.2014 14:00
Мерките уследија откако властите соопштија дека тројцата доктори заразени со ебола кои почнаа со земање на експерименталниот лек покажале извонредни знаци на подобрување...

Либерија, воведе полициски час и стави под карантин неколку населби во главниот град монровија, во обид да се запре смртоносната ебола.
Мерките уследија откако властите соопштија дека тројцата доктори заразени со ебола кои почнаа со земање на експерименталниот лек покажале извонредни знаци на подобрување.
Во меѓувреме, пациент со симптоми на ебола е примен на лекување во Клиниката во Сакраменто, во американската сојузна држава Калифорнија.
