Бањата „Кежовица“ – недоволно искористен потенцијал
Штип има силен потенцијал за развој на бањскиот туризам. Лековитата вода на Кежовица сега се користи за рехабилитација, за лекување и за хигиена, но недостига инфраструктура за развој на модерен спа и бањски туризам...

Штип ја има една од најлековитите и најрадиоактивните термоминерални води во Европа. Но потенцијалот кој го дава ова природно богатство не се користи доволно. Во најава се проекти кои треба да резултираат со развој на бањскиот туризам. Општината работи на нов ДУП кој предвидува сместувачки капацитети, спа центри и забавни содржини. Условите за сместување се солидни и со план да се подобрат.
Модернизирање на бања Кежовица и развој на бањскиот туризам е проект во скоро сите предизборни програми, но во пракса малку се работи на реализација на оваа идеја. Потребно е вложување во инфраструктурата, бидејќи стручните анализи велат дека квалитетот на водата на Кежовица може да направи Штип да биде значаен здравствено – рехабилитациски центар.
Славица Величковска
