Новина на локалитетот Стоби, летна школа за фотограметрија
На локалитетот Стоби за прв пат се одржува школа за фотограметрија. Студентите се обучуваат за компјутерска, земјена и воздушна фотограметрија, техники кои овозможуваат креирање и анализи на 3д податоци од археолошки ископување. На Стоби се одржува и летна школа за конзервација…

Летната школа, за фотограметрија во Стоби се организира по прв пат. Десетина учесници учат како да ја документираат историјата користејќи најсовремени дигитални методи. Студентите се обучуваат и за компјутерска, терестријална и воздушна фотограметрија – техники што овозможуваат креирање и анализа на 3D податоци од археолошки ископувања.
Десетина студенти се учесници на 14 летна школа за конзервација и реставрација на римска доцна керамика. Тие работеа и учеа во археолошкиот локалитет Стоби, каде се реализираше оваа школа, во соработка со Фондацијата Балканско наследство од Софија, Бугарија. Студентите кои ја посетуваат, велат дека таа е одлична можност да научат во пракса за конзервацијата и добијат дополнителни знаења за факултет.
По воведните предавања, кои се однесуваат на историјата на Стоби, историјата на керамика, карактеристиките на глината и керамиката и основни принципи на конзервација и реставрација, учесниците работат и конзервација на керамички садови.
Петар Печков
