Собрание

Линеарно покачување на пензиите

24.07.2025 17:04

1.000 на есен, другите 1.000 на пролет. Изгласан предлогот за зголемување на пензиите, жешко на партискиот ринг, за едните – достоинство за возрасните, за другите – поткуп пред избори …

За пензионерите да земат во септември повисоки пензии, власта побара по скратена постапка да се донесат законските измени за пензиско и инвалидско осигурување.

Социјалдемократите побараа повлекување на предлогот. Тврдат дека над 318.000 пензионери ќе биле оштетени со линеарното зголемување од 1.000 денари, ќе земеле помалку средства отколку што им следува по закон.

Од владејачката партија велат дека на СДСМ и Тренчевска, кои пензионерите ги донесоа на раб на егзистенција, им пречи зголемувањето на пензиите од 7.000 денари за 18 месеци. Во Собранието се изгласа законот за линеарно зголемување на пензиите

Според предвиденото, првата транша треба да се случи на есен, втората на пролет.

 

Александра Спировска