цук

Потрага по 16 годишно девојче во реката Вардар

24.07.2025 21:22

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, општина Градско...

Потрага по 16-годишно девојче во водите на Вардар кај Градско. Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, општина Градско.

Пријавата била поднесена од лице присутно на местото на настанот – сестра на 16-годишното девојче која побарала итна помош. Набргу потоа, се јавил и доктор од Итната медицинска помош во Велес, кој ја потврдил информацијата и побарал ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода. Центарот за управување со кризи веднаш ги известил надлежните институции.

26-годишната жена е пронајдена жива. Екипи на СВР Велес се присутни на терен и во координација со надлежните институции работат на пронаоѓање на девојчето.