ЦУК

Изутринава продолжува потрагата по исчезнатото 16-годишно дете во Вардар

25.07.2025 08:45

Синоќа беше привремено прекината поради лоши услови за претрага во текот на ноќта. Дежурниот оперативен центар на центарот за управување со кризи бил известен дека екипите кои вршеа потрага се повлекле поради немање минимум соодветни услови....

Изутринава продолжува потрагата по исчезнатото 16-годишно дете во Вардар кај селото Уланци, општина Градско. Синоќа беше привремено прекината поради лоши услови за претрага во текот на ноќта. Дежурниот оперативен центар на центарот за управување со кризи бил известен дека екипите кои вршеа потрага се повлекле поради немање минимум соодветни услови.

Инцидентот бил пријавен вчера попладне во СВР-Велес, дека две лица, едно на возраст од 16, а другото на 26 години, потонале во водите на Вардар.

По пристигнување на местото, 26-годишната девојка била пронајдена жива, а по 16-годишното девојче сè уште се трага, соопштија од велешката полиција.