Продолжува екстремно топлото време и денес
Во Македонија продолжува екстремно топлото време со екстремно високи температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 37 до 44/45 степени во Повардарието и во Скопскиот регион...

Во Македонија продолжува екстремно топлото време со екстремно високи температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 37 до 44/45 степени во Повардарието и во Скопскиот регион. Повремено ќе засилува фенски ветер претежно од северен, а во западните предели од западен правец.
Времето ќе биде сончево со појава на мала локална облачност. Малку повеќе облаци ќе имаме во сабота навечер и ноќта кон недела кога е можна изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
УВ индексот и понатаму ќе има многу висока до екстремно висока вредност и ќе изнесува 9. Токму поради ова, но и поради екстремно топлиот бран, се апелира без потреба граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 10 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.
