Газа

Итен состанок меѓу Париз, Лондон и Берлин за ситуацијата во Газа

25.07.2025 09:07

Израел се соочува со растечки меѓународен притисок да стави крај на страдањето на повеќе од два милиони Палестинци, кои се држат како заложници на блокада што ги лишува од витална хуманитарна помош.

Итен состанок меѓу Париз, Лондон и Берлин за ситуацијата во Газа. Ќе разговараме што можеме итно да направиме за да го запреме убивањето и да обезбедиме населението да ја има храната што очајно му е потребна, рече британскиот премиер Стармер, потврдувајќи го неотуѓивото право на палестинскиот народ на државност.

Израел се соочува со растечки меѓународен притисок да стави крај на страдањето на повеќе од два милиони Палестинци, кои се држат како заложници на блокада што ги лишува од витална хуманитарна помош. Вашингтон го отфрлил планот на францускиот претседател Макрон за признавање на палестинска држава, нарекувајќи го непромислена одлука.

Во Тел Авив илјадници демонстранти се собраа на плоштадот Хабима, барајќи итен прекин на огнот во Појасот Газа и враќање на израелските заложници.