камбоџа
Судирите меѓу Тајланд и Камбоџа продолжуваат
25.07.2025 10:02
Камбоџа користи тешко оружје, вклучувајќи артилерија и ракети. Судирите се случуваат долж нивната граница. Тајландските сили одговориле со соодветен оган според тактичката ситуација...

Судирите меѓу тајландските и камбоџанските трупи продолжуваат. Камбоџа користи тешко оружје, вклучувајќи артилерија и ракети. Судирите се случуваат долж нивната граница. Тајландските сили одговориле со соодветен оган според тактичката ситуација.
Тајланд вчера изврши воздушни напади врз воени цели во Камбоџа. Во вооружениот конфликт загинаа најмалку девет Тајландски цивили во три провинции, меѓу кои и осумгодишно момче. Уште 14 лица се повредени.
