Блиски Исток

САД и Израел ги повлекуваат преговарачите од Доха

25.07.2025 14:37

Преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа во застој. САД и Израел ги повлекоа своите преговарачи од Доха...

Преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа во застој. САД и Израел ги повлекоа своите преговарачи од Доха.

Хамас не е подготвен да постигне прекин на огнот, напиша специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, на платформата Х. Оцени дека иако медијаторите вложиле значителни напори, исламистичкиот Хамас не дејствува на координиран и искрен начин. 

Виткоф додаде дека ќе се истражат други опции за враќање на заложниците дома како создавање постабилна ситуација за народот на Газа. САД, според Виткоф, се посветени на завршување на конфликтот и траен мир во Појасот Газа.