МВР

Лишен од слобода возач од тетовско, возел под дејство на алкохол и учествувал во сообраќајна незгода

25.07.2025 19:43

Вчера во 02.40 часот на ул. „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Тетово го лишиле од слобода Д.С.(49) од с. Брвеница, тетовско - информираат од МВР...

Вчера во 02.40 часот на ул. „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Тетово го лишиле од слобода Д.С.(49) од с. Брвеница, тетовско - информираат од МВР.

При преземање мерки по претходно случена сообраќајна незгода на улицата, во која учествувал Д.С. со своето возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, со дрегер било утврдено дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили алкохол во крвта.

Д.С. бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, се наведува во соопштението.