Штип

Штипскиот базен е омилено место на рекреативци и спортисти

25.07.2025 12:21

Градските базени, порано во сопственост на општините, сега се приватизирани, модернизирани, но и недостапни за добар дел од граѓаните. Базенот во Штип е секојдневна дестинација на рекреативците и спортистите, кои очекуваат конечно да се изгради и затворен базен во градот...

Пријатно освежување во летните денови повеќе од седум децении нуди базенот во Штип кој има олимписки димензии, содржини за деца и вода која се третира со најсовремени методи

Најредовни посетители се рекреативците за кои пливањето не е само забава, туку и активност со бројни бенефити за здравјето

Затворениот базен во Штип почна да се гради пред четири години. Последната најава е дека до крајот на летото ќе биде изграден.

 

Славица Величковска