Речиси две години по 7-ми октомври, нема мир
Животот на Блискиот Исток се преврте откако на 7 октомври 2023 година Хамас го направи својот прв напад во Појасот Газа. Оттогаш разурнувања, очај а дојде и најстрашното-хуманитарна криза. Каков е живото во Израел денеска?...

Во Кфар Аза кибуцот сум. Уништени куќи, запалена покуќнина, траги од испукани куршуми по ѕидовите. Овде беа убиени десетици млади луѓе во сопствените домови. Преживеаните прашуваат зошто нив? Им даваа работа на Палестинците од Појасот Газа, добиваа високи плати, им ги лекуваа старите и болни во нивните болници и им ги отворија домовите. Јури Левин тој 7-ми октомври бил во својот дом. Останал во спалната соба обидувајќи се да се скрие, но тие ја запалиле неговата куќа по што морал да скокне од прозорецот. Го фатиле за да го носат во Газа, ама успеал да им избега.
„Нема да умреш, си реков, цел живот е пред тебе. Погледнав низ прозорецот еден стоеше со голем кујнски нож друг со калашников. Ме истргаа од прозорецот и ме одвлечкаа накај границата. Одеднаш вооружените отидоа да соберат некои други соседи, а јас успеав да го оттурнам овој што ме држеше мене. Се скрив во една грмушка и останав неколку саати. Кога слушнав дека зборуваат еврејски излегов и извикав војнику јас сум евреин“, вели Јури Левин, жител на кибуцот Кфар Аза.
Ваква среќа немала Сивани нејзиниот дом што родителите го претворија во жив музеј остава без здив. Вештаците морале да ги собираат деловите од нејзиното тело. Последната преписка на „Вацап“ со нејзиниот татко како да сака да каже, извини што не стигнав на време …
Го убиле и градоначалникот на Ша’ар Ханегев, Офир Либштајн неговиот син и други негови роднини, а тој сите ги уверувал дека десетте кибуци се 95 проценти рај и само 5 проценти пекол.
На нова концертот некои други млади луѓе сакаа само да танцуваат, да му се радуваат на животот. На тоа место сега ме гледаат нивните неми ликови. Цело поле со булки за нивната прекината младост, а што да ги врати?
Фиљана Кока
