Еко-инспекторите во акција

17.12.2013 20:49

МТВ со еко-инспекторите кои тргнаа во лов на загадувачите. Вонредна инспекција во  Цементарницата Усје, капацитетот кој ја поседува потребната А-дозвола за усогласување со оперативниот план. Се проверува примената. Не пречекаа менаџерите. Главниот инспектор им соопшти што се бара од нив.

Тргнавме кон печките, местото каде што се обработува суровината. Чадот од оџакот не е штетен, вели техничкиот директор Гоце Цветковски зашто електростатните ги замениле со вреќести филтри.

Контролната соба е местото каде што речиси секоја трета секунда се мери емисијата на правот, азотните оксиди и сулфурниот диоксид.    

Податоците се следат и во одделот за еколошки мониторинг.

Измерените вредности ги споредуваат со други независни лаборатории. На крај се прави записникот во кој инспекторите ќе ги констатираат состојбите.

Фиљана Кока