Политика

Независните стануваат политички партии, стартува собирањето потписи

25.07.2025 17:45

Независните граѓански иницијативи стартуваат со собирање потписи за формирање политички партии. Ќе бидат распоредени во две посебни. Одлуката ја донесоа откако Уставниот суд го укина прагот од 1 процент за собирање на потписи за учество на изборите, со тоа всушност се создаде вакуум простор кој не е дефиниран како можат да настапат на идните локални избори...

Овој чекор не е политичка амбиција туку политичка нужност. Вака „Зелен хуман град“ ја објаснува потребата независните да се здружат во политичка партија. Од денеска почнуваат да ги собираат потребните 1.000 потписи. На ваков чекор се одлучија и независните за Карпош и шанса за Центар, зелените од Гази Баба кои ќе се обединат во една политичка опција. Но велат дека сакаат да останат граѓански активисти и оставаат простор Собранието да даде автентично делување на Изборниот законик, со кој ќе се утврди колку точно потписи треба да соберат.

Најголемите политички партии веќе ги објавија најголемиот дел од кандидатите за градоначалници. За главниот град СДСМ ја номинира Каја Шукова додека владејачката ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓоргиевски. И двете партии сметаат дека не се минираат граѓанските активисти туку напротив.

Главната трка во албанскиот политики блок ќе се води во Чаир. „Вреди“ најави дека наскоро ќе ги објави кандидатите но се поизвесно станува дека првиот вицепремиер ќе се кандидира за прв човек на оваа скопска општина. Негов опонент ќе биде поранешниот министер за надворешни Бујар Османи.

 

Викторија Милевска