Позната програмата за „10 дена Крушевска Република“
Крушево е подготвено за големиот празник и за националната манифестација „120 дена Крушевска Република“. Отворањето е на први август на Гумење, а централна манифестација е народниот собир на 2-ри август на Мечкин Камен...

Триесетина настани, научна трибина и централно чествување на големиот Илинден ќе понуди националната манифестација 10 дена Крушевска Република. Крушево се подготвува за празникот. Манифестацијата ќе пречека преку 150 коњаници, а традиционално, свеченото отворање е на први август на Гумење.
Научната трибина ќе ги собере еминентните историчари од земјава кои ќе одговорат на повеќе прашања на тема „Илинденските предизвици, минато, сегашност и иднина“.
Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ има интенција да добие фестивалско издание.
Елизабета Митреска
