Во ЕУ се повеќе се користи јавен превоз
20.08.2014 14:31
Во 2012-та се извршени 49,5 милијарди патувања со градски автобуси, трамваи, или метро, се наведува во студијата на Меѓународната асоцијација на јавен превоз...

Користењето на јавниот градски превоз во земјите на Европската унија од 2000-та до 2012-тата година се зголемило за осум отсто.
Во 2012-та се извршени 49,5 милијарди патувања со градски автобуси, трамваи, или метро, се наведува во студијата на Меѓународната асоцијација на јавен превоз.
Ако се додадат градските возови, бројот на тие патувања во 28 земји членки на ЕУ изнесува 56,8 милијарди, или во просек 182 милиони патувања по работен ден.
Најголем раст на патувањата има Белгија со 114 отсто, а потоа е Луксембург со 50 насто, додека во Франција е 29 проценти.
Опаѓање се бележи во Словенија, Естонија, Унгарија и Полска за 10 проценти или повеќе.
