Македонија
Мицкоски: Пензионерите бараа и добија фер и правично зголемување на платите
25.07.2025 15:53
Фер и правично – премиерот Мицкоски ја брани одлуката за линеарно зголемување на пензиите. СДСМ, пак, остана на ставот дека пензионерите се оштетени...

Пензионерите бараа и добија фер и правично зголемување на платите. За 18 месеци има линеарно зголемување на пензиите за 7.000 денари-вели премиерот Мицкоски. Според него, ова не е доволно, но е повеќе од досега направеното за пензионерите.
Од опозициската СДСМ пак велат дека власта спроведува историска измама на пензионерите. Социјалдемократите велат дека со линеарното покачување се добива помала сума од онаа што би ја добиле пензионерите со редовното усогласување.
345.000 пензионери ќе добијат зголемување на пензиите во септември и март по 1.000 денари.
Александра Велинова
